Лого на Аптека АЛФАЛЕК
Аптека
АЛФАЛЕК Apteka ALFALEK

За нас

Аптека АЛФАЛЕК како Приватна здравствена установа е основана во 2005 година и успешно работи под мотото "Ние се грижиме за вашето здравје".

Грижата за здравјето на секој поединец кој влегува во аптека во потрага за препарат или стручен совет е суштината на добрата фармацевтска пракса.

Во секојдневната комуникација со пациентите и сите кои секојдневно влегуваат во нашата аптека, се обидуваме да воспоставиме активен индивидуален пристап, поттикнувајќи ги да донесат вистинска здрава одлука која ќе го подобри квалитетот на нивниот живот.

На тој начин сакаме да не препознаете како вистинско место за здравствена едукација, превенција и лечење, но и да ви понудиме производи кои ќе ви го олеснат и разубават секојдневието.

Целта кон која тежнееме е создавање аптека која е отворена кон Вас и Вашите потреби.

Ценовник

Аптека АЛФАЛЕК нуди голема палета на лекови и ОТЦ препарати од домашни и странски произодители. Издаваме лекови на рецепт од позитивната листа на ФЗОМ, нудиме широка понуда на билни, витамински, козметички и дермокозметички препарати, медицински помагала за домашна употреба, чаеви, лековити билки и додатоци на исхрана, диететски производи, програма за деца и бебиња, средства за професионална нега, односно се што е потребно за квалитетен и здрав живот. За цените на производите може да се информирате тука.

Често поставувани прашања

Дали издавате рецепти?

Не, аптеката не може да издава рецепти. Рецепти може да ги издаваат само лекарите. Сепак, ние можеме да ви дадеме совет за слободно продажни лекови кои не бараат рецепт.

Дали нудите услуга нарачување на лекови кои ги немате во понуда?

Да, по ваша побарувачка можеме да нарачаме лек кој моментално го немаме во понуда. Времето на чекање зависи од достапноста на лекот кај нашите добавувачи.

Дали нудите услуга достава до дом?

Моментално не нудиме услуга на достава до дом, но во иднина планираме да ја воведеме оваа услуга за редовни клиенти и за лица со посебни потреби.

Дали примате рецепти електронски?

Да, примаме електронски рецепти испратени од лекарите преку здравствената платформа. Можете да ни ја испратите рецептата на нашата е-пошта а лекот ќе го подигнете лично во аптеката.

Како да нарачам лек кој го немате во понуда?

Можете да не контактирате преку телефон или е-пошта со точното име на лекот и дозирањето. Ќе ви го потврдиме рокот на достапност и конечната цена. Нарачките се бесплатни и ги обезбедуваме во најкраток можен рок.

Дали нудите професионални консултации за употреба на лекови?

Да, нашите фармацевти нудат бесплатни консултации за правилна употреба на лекови, можни несакани ефекти и интеракции со други препарати. Консултациите се достапни во секое работно време, без потреба од закажување.

Контакт и Локација

Адреса: ул. Јане Сандански бр. 45, Куманово

Телефон: 031/432-004

Е-пошта: alfalek.ku@gmail.com

Работно време:

  • Понедeлник - Петок: 08:00 – 21:00
  • Сабота: 08:00 – 21:00
  • Недела: Затворено

Испратете ни порака